Спасовски: Оваа година напишавме 70% повеќе сообраќајни казни од лани

Од страна на полициските службеници при редовното работење и спроведените контроли, во периодот од почетокот на годинава заклучно со 31 октомври регистрирани се 166.853 прекршоци, што претставува тренд на зголемување за 70 проценти во споредба со истиот период од 2020 година. За 80 проценти се зголемени барањата за поднесување прекршочна постапка – 51.306 барања. Како најчести прекршоци, пак, информирал Спасовски, за кои се поднесени овие барања се издвојуваат брзото возење, управувањето без возачка дозвола и употребата на нерегистрирани возила.

– Вака динамизираните полициски активности даваат резултати изразени, пред сѐ, преку намалувањето на бројот на сообраќајни несреќи со фатални последици, што покажува дека сме на вистинскиот пат, потенцирал министерот Спасовски, соопштија денеска од МВР.

Истакна дека МВР, исто така, засилено работи и на техничко надградување на сообраќајната контрола, особено во поглед на пречекорувањето на пропишаната брзина на движење, преку набавка и користење на новите рачни радари „ласер кам 4“, опремени со уреди за ноќно снимање, а со цел подобрување на ефективноста на таквите мерки и воедно исклучување на човечкиот фактор и потенцираше дека во фаза на реализација е воспоставување на електронски систем за видео надзор за контрола на брзината на движење на возилата.

06.12.2021 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега