Тивки симптоми на Паркинсонова болест што не смеете да ги игнорирате: Овие 9 промени можат да укажуваат на заболување на мозокот

Паркинсонова болест е состојба кај која делови од мозокот со текот на стареењето прогресивно пропаѓаат. Ова нарушување погодува еден од 500 луѓе, што ја прави Паркинсоновата болест една од најчестите кај старите лица.

Заболувањето настанува како последица на изумирањето на нервни клетки во мозокот, поради што производството на допамин значително се намалува. Допаминот е клучен за регулирање на движењето на телото, па неговото намалување е всушност одговорно за голем број симптоми што ги чувствуваат пациентите заболени од Паркинсон.

Сѐ уште не е познати што го предизвикува губењето на нервни клетки во мозокот, но многу експерти мислат дека станува збор за комбинација на одредени гени и фактори од околината.

Паркинсоновата болест не може да се излечи, но може да се залечи и нејзиниот тек може да се забави со вистинската терапија и волја на пациентот.

„Поранешниот американски претседател Кенеди играл фудбал со таа болест, папата ја водел Католичката црква со неа повеќе од 20 години, што ќе признаете, е голема институција. Важна е когнитивната одлука на пациентите да не се предадат и да сфатат дека тоа е една од оние болести што ги носи времето и со која мораат да се соочат“, откриваат лекарите.

Доколку забележите дека кај вас се јавуваат овие симптоми, најдобро би било да посетите доктор…

1. Тресење

Дали сте забележале мало протресување на прстите, дланките или брадата? Тресењето што се појавува ненадејно е вообичаен знак на оваа болест. Од друга страна, доколку тресењето се јави како последица на стрес или физички напор, се смета за нормална појава.

2. Променет ракопис

Еден од сигналите може да биде и начинот на кој пишувате. На пример, буквите може да станат помали и збиени. Промената на ракописот може да биде знак на Паркинсонова болест, наречен микрографија.

3. Губење на сетилото за мирис

Доколку не можете повеќе да почувствувате мириси кои се инаку многу интензивни, размислете за посета на доктор.

4. Проблеми со спиењето

Наглите движења во текот на спиењето може да бидат знак за Паркинсонова болест. Доколку не спиете мирно како некогаш, често ја менувате положбата во која спиете, заспивате на едниот крај, а се будите на другиот крај од креветот, тоа може да укажува на оваа болест.

5. Отежнато движење

Ран знак може да биде вкочанетост или болка во рамената или колковите. Луѓето кои боледуваат од оваа болест оваа состојба ја опишале како некој да им ги залепил нозете за подот. Вкочанетоста може да се јави и во рацете, нозете или дланките.

6. Отежнато варење

Како последица од лошата исхрана, се јавуваат проблеми со цревата, но нив може да ги предизвика и Паркинсоновата болест. Доколку овој проблем не поминува подолго време, најдобро би било да одите на лекар.

7. Промена на бојата на гласот

Како најран симптом на оваа болест се јавуваат проблеми со гласните жици, па во тој случај, гласот може да стане или премногу тивок или премногу груб.

8. Вртоглавица

Доколку оваа состојба се јавува често, може да сугерира дека се развива Паркинсонова болест во телото.

9. Депресија или анксиозност

Чувството на тага и непријатност честопати е поврзано со ова заболување.

Доколку забележите повеќе од два од наведените симптоми, направете анализи, советуваат лекарите.

27.07.2021 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега