Трајанов: И да го напуштиме мнозинството - владата нема да падне

Лидерот на Демократски сојуз без прецизен одговор дали планира да го напушти владиното мнозинство. Потврди дека е незадоволен од етничкиот дизбаланс кој се јавува во Владата со влезот на Алтернатива во која ќе има повеќе министри етнички Албанци отколку Македонци.
Рече дека сега не планира да прави притисоци.
„Сега мнозинството има 64 пратеници. Било која од партиите да си замине тоа нема да значи рушење на Владата“ – рече Трајанов.
Павле Трајанов има 1 пратеник и може да го напушти мнозинството без да предизвика некои посериозни потреси.
Таква можност имаат и ЛДП и ДОМ со тројца пратеници, се разбира доколку Трајанов реши да остане. Во слична ситуација е и партијата на Тито Петковски иако познавачите на политичките состојби коментираат дека НСДП практично и не функционира како посебна партија бидејќи е целосно претопена во СДСМ.

06.12.2021 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа