Вечерва Конгрес на СДСМ: Ќе бидат објавени носителите на листи и изборната програма

СДСМ денеска на конгрес ќе одлучува за кандидатите за пратеници и за носителите на листи за парламентарните избори на 8 мај. На собирот ќе биде претставена и партиската програма со која СДСМ ќе се претстави пред гласачите.

Владејачката партија претходно на 3 март веќе одржа еден партиски конгрес на кој беше официјализирана кандидатурата за втор мандат на шефот на државата Стево Пендаровски.

Инаку, според информациите на медиумите, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, ќе биде носител во првата изборна единица, а како коносител ќе ја има претседателката на коалицискиот партнер ЛДП, Моника Зајкова. Први во „двојката“ ќе бидат Сања Лукаревска и Фатмир Битиќи, додека во третата изборна единица предводници ќе бидат Љупчо Николовски и Оливер Спасовски, кој се сели од носителската позиција во втората изборна единица. Најверојатно, носител во четвртата изборна единица ќе биде поранешниот министер за здравство, Венко Филипче. За петтата изборна единица се споменуваат Јован Митрески и Бисера Костадиновска-Стојческа, а „шестката“ е најнеизвесна, таму во игра се повеќе имиња и најмногу се споменуваат Славјанка Петровска и Миле Зечевиќ.

 
23.03.2024 - 12:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега