ВИДЕО: Мајка го спасила своето бебе од поплавите во Кина, но не успеала да се спаси себе- положбата на нејзиното тело открило сѐ

Една мајка од Кина успеала да го спаси своето бебе од лизгање на земјиштето предизвикано од поплавите во Кина во провинцијата Хенан, но, за жал, таа починала, соопштиле спасувачите.

Девојчето е пронајдено живо во средата, откако 24 часа поминало во рушевините.

Извештаите велат дека обилните дождови предизвикале свлечиште во едно село во провинцијата Ханан, пренесува „BBC“.

Целиот регион бил погоден од силни поплави кои ги предизвикале големите врнежи од дожд, 33 лица го загубиле животот, додека повеќе од 200.000 луѓе биле евакуирани од своите домови.

Видеото со спасувачите кои извлекуваат бебе од урнатините, стана вирално. Тоа е старо три или четири месеци.

„Слушнав бебешки плач и во тој момент спасувачите стигнаа и го спасија детето. Мајката го сокрила“, рекол еден од членовите на семејството за „Southern Metropolis Daily“.

Бебето е однесено во болница и не е повредено.

Телото на мајката било пронајдено вчера. Спасувачите за локалните медиуми рекле дека го пронашле нејзиното тело, кое било замрзнато, во положба како нешто да подигнува.

„Главниот момент е тој што таа го поткренала своето дете, кое благодарение на неа преживеало“, рекол еден од спасувачите.

Дождот и поплавите направиле хас ширум провинцијата минатата недела.

Најмалку 12 лица загинале во главниот град на провинцијата Џенгџоу, кога водата влегла во метрото во вторникот вечерта.

Многу домови поради поплавите се уништени, па мештаните останале без покрив над глава.

23.07.2021 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега