ВИДЕО: Силна експлозија во центарот на Белград, први снимки од местото на настанот - крв и стакло насекаде

Силна детонација се слушнала пред дваесеттина минути во центарот на Белград, а според првичните и неофицијални информации станува збор за експлозија на боца со запаллив гас која се користи за варење.

Очевидци од местото на настанот на стравичната експлозија која се случила во нешто пред 10 часот на градилиште во Белград, за Курир.рс рекле дека детонацијата била толку силна што прозорците од зградата во спротива испукале.

Работниците кои први дошле да дадат помош велат дека прво виделе човек со раскрварена глава и дека го извлекле до влезот на телевизијата РТС во спротива каде го преземала Итната помош.

Очевидецот М.П. за Курир.рс рекол дека првично сите помислиле дека нешто експлодирало во стан како и дека на тешко повредениот работник чија глава била цела во крв додека не дошла помош, цело време му велел да се смири иако черепот му бил отворен затоа што пукнал од повредата од експлозијата.

-Цело време му велев дека се ќе биде во ред - додал очевидецот.

Другите сведоци велат дека на друг работник кон кој тргнале му немало спас, дека експлозијата му ја откинала главата и раката. Официјални потврди за смрт засега нема.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2020 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега