ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски ја има снимката откако цела јавност ја има снимката што правеше 5 дена

Спасовски ја има снимката откако цела јавност ја има снимката што правеше 5 дена!?

На Спасовски му требаа цели 5 дена за да излезе во јавност и да каже дека ја има снимката од убиството на ракометарот Денис Тот. Требаше снимката да биде објавена од медиумите за Спасовски да каже дека ја има. Што правеше 5 дена и зошто го криеше убиството.

Снимката која Спасовски вели дека ја има, требало да ја има уште неколку часа по убиството, исто како и изјави од сведоците.

Наместо да излезе со детали за убиството, тој и МВР првин тврдеа дека се работи за несреќа, и тоа траеше и повеќе од 24 часа.

По 24 часа од убиството, МВР почна да шпекулира со теории. Тоа говори дека иако требало да ги имаат снимките, тие не ја кажувале вистината која произлегува од снимките.

Одговор мора да даде МВР и затоа дали во близина имало полицајци и не реагирале?

Спасовски знаел за убиството од сам почеток.

Спасовски мора да каже зошто криеше убиство.

Спасовски да поднесе оставка веднаш.

12.04.2022 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега