Заев од трибината во Скопје: После поразот Мицкоски нема да биде лидер на ВМРО ДПМНЕ

„Не сме исти ние и ВМРО ДПМНЕ, но, не сме ни млада држава, не сме млада демократија, имаме обврска да ја чуваме државата, да ја заштитиме, тоа е наша задача и немојте да мислите дека не зависи од вас, зависи од сите вас. Патоказот кон иднината го покажувате вие граѓаните. Тој патоказ е кон Европската Унија. Другата опција нема ниту компас, ниту кампања, срамна им е целата кампања, негативна, со клевети. Па Мицкоски исцелител глуми на спотови. Душата им ја извадија 12 години на граѓаните, на колена ги паднаа, ги понижија, ги навредија... Потоа Мицкоски дава партиски книшки со порака дека ВМРО ДПМНЕ било решението, како па да не, лаги со опшаки и приказни за мали деца. На крајот го гледаме како мајстор за куќи и за хидроцентрали, па зборува ќе го зацврстел нашиот дом, ама нашиот дом има темели, има ѕидови, стиропрот го заменивме со бетон, имаме кров што не прокиснува оти на него се вее нашето и знамето на НАТО.“- говореше лидерот на СДСМ, Зоран Заев на предизборната трибина во Скопје.

 

Тој очекува дека после победата на СДСМ, односно поразот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски да се збогува со политичката кариера.

„Имаме држава стабилна и силна, ама Мицкоски заборава. Имаме гаранција на територијалниот суверенитет и интегритет. Се што направи тој во овој период беа сопки, опструкции, закани, уцени и манипулации. Немаат што да понудат, не знаат што да понудат. Знае Мицкоски дека знамето на НАТО и на ЕУ ќе ги однесе во кабинетот на факултет оти нема да биде ни претседател на ВМРО ДПМНЕ после поразот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа