Заменик-министерот за локална самоуправа: Владата е стабилна по оставката на Милевски, во ЛДП имаше внатрепартиски превирања

 

Заменик министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски во изјава за медиумите кажа дека Владата била стабилна по оставката на Горан Мислевски, но изјави и дека во ЛДП имало внатрепартиски превирања.

„Се работи за министер со кој имавме дневна комуникација и добра соработка и започнавме доста проекти. Министерот зад себе ќе остави доста започнати проекти. Која е причината за негова оставка, тој самиот кажа. Иако е факт дека имаше внатрепартиски превирања во ЛДП, јас не би можел да се мешам во тоа, вели заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски, околу оставката која денеска ја поднесе министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Околу тоа дали причината за недоразбирањата во ЛДП беше разногласието со ставовите во коалицијата околу таканаречениот „францускиот предлог“ за почеток на преговорите со ЕУ, Димитровски вели дека не сака да суди.

„Тоа што сакам да го испратам како порака е дека помалите партии се сепак партии од центарот и треба да го задржат својот идентитет. Поголемите партии сакааат да ги задушат помалите и да ги направат приврзоци. Постојат за да велат дека се пајтон-партии и немаат членство, а во моментите кога ќе покажат сила и влијание во јавноста, сакаат да ги присвојат кон себе. Решение за ова е една изборна единица. Не треба да им се придава многу значење на овие настани од аспект на некаква реконструкција во Владата. Се работи за случај во една партија и еден министер кој дава оставка и тоа нема да влијае на стабилноста на Владата“, додаде Димитровски.

20.09.2022 - 21:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега