Ангелов за хуманитарната помош на Заев: Следната пратка да ја направи во земјава

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов ја поздрави испратената помош за Украина, од страна на фондацијата на поранешниот премиер Зоран Заев.

-Во Украина беснее војна, таму има многу гладни луѓе. Се сложувам дека таква помош е потребна и во Македонија. Но еве, да го повикаме поранешниот премиер, следната пратка да ја направи во земјава, рече Ангелов во емисијата „Заспиј ако можеш“, како одговор на прашање од водителите.

Поранешниот премиер Зоран Заев попладнево објави дека преку Фондацијата “Заев – Едно општество за сите” испратени се 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина.

13.06.2022 - 22:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега