Кавадачанец украл автомобил од паркинг, полицијата веднаш го приведе


Вчера во 17.45 часот во село Марена, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода М.Р.(54) од Кавадарци.

Тој се сомничи дека околу 17.30 часот на паркинг простор во село Марена одзел патничко возило „рено клио“ со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост на Ј.О.(55) од Кавадарци.

Возилото било вратено на сопственикот, а М.Р. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

11.04.2024 - 12:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега