Метеоаларм: Издадено предупредување - Македонија во жолта фаза за опасност од невреме

Цела Македонија од полноќ влегува во жолта алертна фаза откако УХМР издаде метеоаларм како предупредување за опасност од пообилни врнежи на дожд и услови за невреме.
Според најавите, дожд може да дојде уште денеска во попладневните часови. Не чека една прилично врнежлива ноќ а дождот ќе се провлекува и утре во текот на целиот ден. Тоа ќе донесе значително намалување на температурите кои се очекува да паднат за повеќе од 10 степени.

 

16.04.2024 - 10:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега