Османи: Нема договор со Бугарија, ниту пишан, ниту усмен

Бујар Османи, министерот за надворешни работи вечерва е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21.

Османи рече дека и натаму немаме никаков договор со Бугарија, ниту пишан, ниту усмен.

„За секој проблем постојат решенија и токму за тие дискутираме. Но, некои од решенијата не ја добиле потребната потврда, затоа моментално немаме никаков договор со Бугарија, ниту потпишан ниту усмен. Но, мислам дека има сè уште надеж, има политичка клима за ова да се случи, доста работевме на ова и мислам дека во добар правец. Сите политички фактори во земјава сме на истата страна. На пример вчеравечер до рано изутрината преговаравме и разговаравме со бугарската страна и за тоа ги информирав и премиерот и претседателот на државата, сте сме на иста линија.“, изјави Османи.

13.06.2022 - 22:43
Фото: 
Принтскрин ТВ21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега