Османи: Разочарувачки е што мнозинството граѓани во Македонија ја поддржуваат Русија
„Разочарувачки се последните анкети во врска со јавното мислење во врска со руската агресија во Украина, разочарувачки е бројот на граѓаните кои имаат про-руски ставови“, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21.
Тој надополни дека разочарувачки е порастот на скептицизмот за ЕУ, и објасни на што се должи тоа.
„Разочарувачки е и порастот на евроскептицизмот и мислам дека голем дел од ова се должи на фрустрацијата од неотпочнување на преговорите со ЕУ. Исто така ова се случува и поради надворешните влијанија, а тука е на пример и партијата Левица која има отворени про-руски ставови, партија чии претставници имаше и на парадата на Путин. Оваа партија може во иднина да биде сериозен проблем доколку треба да одлучува за нешто“, рече Османи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа