Специјалци упаднаа во Идризово: Вршат претреси во повеќе крила од затворот

Специјалци од МВР во координација со Јавното обвинителство вршат претреси во КПУ „Идризово“ во Скопје. 

Претресите се во повеќе крила од затворот, а како што пишуваат дел од медиумите, ова доаѓа по добиени информации дека е можен судир меѓу две криминални групи кои издржуваат затворски казни во затворот.

Засега нема официјални информации од МВР, но од ОЈО само кратко ја потврдија акцијата.

-Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ Идризово - Скопје со цел обезбедување доказен материјал, велат од ОЈО Скопје. 

11.04.2024 - 11:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега