ВИДЕО: Авион на Ер Србија принудно слета во Белград - погледнете во каква состојба

Авионот кој синоќа полета од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ за Диселдорф принудно слета кусо потоа. Ер Србија објави дека причината е технички дефект, но се појави видео од авионот со дупка на трупот, јавува „Н1“.

Пилотот на авионот кој синоќа полетал од Белград за Диселдорф, набргу по полетувањето побарал веднаш да слета, а „Ер Србија“ соопшти дека причините за принудното слетување се од техничка природа. Во меѓувреме, на социјалната мрежа „Икс“ се објавени неколку видеа и фотографии на кои се гледа дупката во авионот.

Поточно, дупка може да се забележи на трупот на авионот на „Marathon Airlines“, кој лета за „Ер Србија“.

Како што споделија на социјалните мрежи дел од патниците кои биле на овој лет, авионот извесно време кружел и потоа слетал. Според информациите на социјалните мрежи, во авионот имало повеќе од 100 патници, пренесува „Н1“.

„Ер Србија“, исто така, објави дека безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена.

19.02.2024 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега