Во среда и стоматолозите на протест

Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина во среда ќе одржат протест пред Министерството за здравство.

Тие бараат промена на начинот на исплата во стоматологијата преку фиксен загарантиран дел и променлив дел преку партиципација на пациентите како и укинување на функцијата матичен стоматолог. Стоматолозите бараат фиксниот стоматолошки надоместок да биде по стоматолошки тим, а не по број на пациенти.

13.06.2022 - 23:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега