Апасиев: По сила на Устав сум должен да не ги примам попишувачите дома во сред епидемија

 

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев преку Фејсбук истакна дека по сила на Устав, должен бил да не ги прими попишувачите.

– Законот за попис во сред пандемија и прогласена кризна состојба е спротивен на чл. 39, ст. 2 од Уставот на РМ: „Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите“! Значи, јас, по сила на Устав, сум должен да не ги примам попишувачите дома во сред епидемија, оти може да ме заразат со коронавирус, напиша Апасиев.

Упати остри критики и напиша дека можеби ќе го оспори законското решение пред Уставниот суд.

– Да немавме Кацарска-судство, ќе ви паднеше како круша на Уставен суд. Ај, ако имам време деновиве, може и ќе ви го оспорам – чисто да ги тестираме ставовите на нашите „угледни правници“ и да се смееме со студентите на вежби за вашите експертутски правни мислења, вака тој го заврши својот Фејсбук статус.

Законот за ПОПИС во сред пандемија и прогласена кризна состојба е спротивен на чл. 39, ст. 2 од Уставот на РМ:...

Posted by Димитар Апасиев on Thursday, 21 January 2021

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2021 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега