Апсење во Скопје- приведени четири лица

Во изминатите 24 часа биле уапсени четири лица на неколку различни локации поради поседување на марихуана и нарушување на јавниот ред и мир.

„На 27.06.2020 во 00.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Гоце Делчев“ го лишиле од слобода А.М.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 26.06.2020 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Орце Николов“ ги лишиле од слобода А.К.(36) и С.К.(34), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

На 26.06.2020 во 16.00 часот во Скопје пред Полициската станица Гази Баба, Н.Т.(53) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.13 од ЗППЈРМ.“ соопштуваат од МВР.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.06.2020 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега