Границите на Црна Гора остануваат затворени за Македонија, но се отвораат за Зимбавбе и Белорусија

Владата на Црна Гора денеска го прошири списокот за уште 10 држави од кои граѓаните ќе може да влегуваат во земјата без никакви ограничувања, но ниту на оваа најнова ревидирана листа не се најде Македонија.

Според црногорскиот Институт за јавно здравје, како што пренесуваат црногорските медиуми, епидемиолошката состојба дозволува од утре државјаните на Азербејџан, Белорусија, Канада, Русија, Украина и на Зимбабве без дополнитени рестрикции да патуваат во Црна Гора.

Иако беше најавено дека поради лошата туристичка сезона се размислува да им биде овозможен слободен влез на државјаните на земјите од Западниот Балкан, сепак, очигледно, тоа не се случи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2020 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега