Јанушев: СДСМ не направи ништо во ниту една област, ниту инфраструктура, ниту здравство

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 3 на гостувањето на емисијата Топ тема на телевизија Телма се осврна на програмата Проект Обнова. Јанушев информираше дека има три столба или дека фокусот ќе биде на  инфраструктура, економија и земјоделие.

„Во инфраструктурата треба да продолжиме онаму каде што бевме пред три години зошто оваа неспособна влада на СДСМ не направи ништо. Ќе ги завршиме патиштата Штип-Кочани и  Штип-Радовиш, но секако и поврзувањето на Куманово со Деве Баир преку Ранковце и Крива Паланка, како и конечно да ја видиме фамозната пруга на Коридор 8. Исто ќе направиме се што можеме да отвориме граничен премин Клепало кај Берово, но исто така и Црна Скала кај  Делчево,  ќе работиме на документација за Коридор 8А токму за овој предел кој поминува од централниот дел кон  Малешевијата“, информираше Јанушев.

Тој посочи дека во делот на економијата клучно е покачувањето на платите за 25 проценти, 20 проценти повисоки пензии, намалување на невработеност под 10 проценти, 4 милијарди инвестиции, а во делот на земјоделието 160 милиони евра за субвенции, но и она што е најважното е навремена исплата на истите.

Јанушев посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е различно во се.

„Ние нудиме иднина, подигнати глави, за разлика од тоа што го слушаме од Шахпаска чиј лидер Заев претходно секоја година велеше економијата е клучна, а од тоа не видовме ништо. Еве сега пак почнуваат со истото ветување еве сега бил моментот, а ние гледаме дека нема ништо направено“, кажа Јанушев обраќајќи се на Јагода Шахпаска која е кандидат за пратеник од листата на СДСМ во ИЕ 3.  

Според Јанушев, СДСМ ништо не направи за здравството освен партиски вработувања, зошто да направеле нешто немаше да крахира здравствениот систем.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 20:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега