Ковачевски: Малку кој веруваше дека ќе имаме просечна плата од 30.000 денари

Покачувањето на платите и вложувањето во стандардот на граѓаните е политика на која останавме доследни. Благодарение на првичните политики и одговорното владеење, ветувањето на СДСМ од 2017 година е целосно реализирано!, објави на својот фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.

– Малку кој веруваше дека ќе имаме просечна плата од 30.000 денари. Ова ветување беше мета на критика и потсмев од опозицијата која силно се противи на растот на платите, но и покрај честите опструкции од нив – успеавме.Во време на голема економска криза сфаќаме колку се значајни овие политики. Со покачувањето на платите ги штитиме граѓаните од големиот раст на цените, а буџетот го насочуваме онаму каде е најпотребно, да обезбедиме повеќе приходи, да ги намалиме ценовните шокови и заеднички полесно да ја надминеме кризата, објави Ковачевски.

Тој изразува благодарност на сите членови на Владата во овој и минатиот мандат кои, како што напиша, доследно и посветено работеа на остварување на ова ветување.

– Силно верувам дека граѓаните ќе ги препознаат и наградат овие политики на СДСМ, напиша Ковачевски.

20.05.2022 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега