Македонија ѝ ги донирала „сухоите“ на Украина

Четирите воени авиони „СУ-25“ кои Македонија ги купи од Украина за четири милиони евра за време на конфликтот во 2001 година, биле донирани на Украина, објави „МКД.мк“.

Засега од Министерството за одбрана не ја демантираат објавената информација, ниту пак истата ја потврдуваат.

МКД.мк“ објави дека од Министерството за одбрана им одговориле дека сите детали за одлуките, нивната содржина и објаснување ќе бидат транспарентно објавени во следните денови.

Во претходните денови неколку тенкови ѝ беа донирани на Украина.

 

„Сухоите“ во 2004 година биле приземјени, конзервирани и подготвени за продажба од страна на Министерството за одбрана, но тоа не се случило, а во 2011 година се размислувало и за модернизирање според стандардите на НАТО, но и таа идеја пропаднала.

04.08.2022 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега