Мицкоски на средба со Скот Хeјзлет: Власта е корумпирана

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Роберт Скот Хeјзлет, виш директор на НДИ во Македонија.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, како и стратешките цели на државата.

„Мицкоски го информираше Скот Хејзет за високиот степен на корупција и криминал и злоупотреба на институциите од страна на владата на СДСМ и Димитар Ковачевски, истакнувајќи дека состојбата во државата се влошува бидејќи власта не спроведува никакви реформи, а сето тоа дополнително придонесува за уназадување и осиромашување на граѓаните. Воедно, и поради тоа истакна дека се потребни предвремени парламентарни избори кои ќе донесат промени и иднина за граѓаните.

Мицкоски уште еднаш го потврди ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека преговорите на Македонија за влез во Европската унија треба да се водат врз база на европски принципи и вредности, а не врз уцена и диктат од страна на бугарските власти“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски се заблагодари на досегашната соработка и поддршка од страна НДИ, а соговорниците заклучија дека постои можност за нејзино понатамошно унапредување.

15.02.2023 - 19:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега