Лоша вест за викендот

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб, а на повисоките места умерен, претежно западен ветер. Во северните делови ќе има услови и за појава на краткотраен локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 20 до 25 степени. 

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер и со услови за појава на краткотраен дожд. Утринската температура ќе се сушти до 12, а дневната ќе се искачи до 22 степени. 

Утре претпладне облачноста ќе се зголеми, а во северните делови од земјата ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на дневната температура. Од недела и утринската и дневната температура ќе опаднат. Повеќе сонце ќе има од почетокот на новата работна недела.

17.10.2014 - 09:12


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега