Жолтицата „напаѓа" во Велес - заболени две дечиња

Од почетокот на месецов две деца на пет и деветгодишна возраст заболеле од заразна жолтица и се на лекување во Велешката градска болница.

Епидемиологот Билјана Трајкова изјави дека поради тоа што инкубацијата трае во просек четири недели може да се очекува и новозаболени од оваа заразна болест. 

- Инаку, од почетокот на годинава во Велес и велешко имало 11 лица заболени од заразна жолтица. Од нив тројца заболени се регистрирани во периодот од јануари до јуни, еден во август, петмина заразени во септември, и најновите два случаи во октомври, информира д-р Трајкова.

Таа апелира до населението и учениците да внимаваат на својата лична хигиена и почесто да ги мијат рацете како заштита од болеста која е заразна и лесно се пренесува преку нечисти раце и во контакт со заболено лице уште во периодот на инкубацијата.

17.10.2014 - 15:47
Фото: 
вест


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега