По 100 години во Гостивар ќе се гради црква

Конечно, по неколку децении  ќе се исполни желбата на околу 4.000 жители на гостиварските приградски населби Циглана, Фазанерија и Бањешница за изградба на црковен храм.

Вo недела на празникот посветен на свети апостол Тома, митрополитот г. Јосиф, надлежен архијереј на Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ-ОА, ќе постави камен-темелник на новата манастирска црква „Преображение Христово“.

Ова ќе биде првиот црковен храм што ќе се гради во Гостивар по точно сто години. 

Во 1915 година во Гостивар почна да се гради црквата „Св. Богородица“ и оттогаш не е изграден ниту еден црковен храм.

18.10.2014 - 10:46


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега