Шокантно признание на Ана Марија Жујовиќ: Од ударите на Влада го изгубив бебето

Ана Марија Жујовиќ неодамна поднесе кривична поради насилство во семејството против својот партнер водителот Влада Станојевиќ, но овие удари покрај повредите имаа уште еден негативен резултат бидејќи фитнес инструкторката наводно од нив го изгубила бебето.

Еден српски магазин дојде до пораки помеѓу Ана и нејзината најдобра другарка, како и помеѓу другарка и и Влада.

Ана Марија и напишала на неа дека во животот не можела да верува дека ќе и се случи на неа целосно непотребен спонтан абортус бидејќи некои делови од плодот останале во матката па „тестот за бременост претходниот ден и покажал позитивни резултати“.

Таа ја потврди својата приказна за медиумите, но Влада негираше се.

Сепак од пораките помеѓу нејзината најдобра другарка и Влада се заклучува дека и тој бил свесен за нејзината бременост затоа што напишал дека му е навистина жал што нема да има дете со Ана Марија затоа што бил подготвен да му овозможи се.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

22.02.2015 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега