ФОТО: Кој си замина дома со Оскар?

На најгламурозната вечер  во годината донесе доста изненадувања, а за филм на годината беше прогласен „Birdman” во кој свој голем камбек имаше актерот Мајкл Китон.

најраскошнтата  вечер во годината ни овој пат не не` разочара. Одличниот домаќин Нил Патрик Херис успеа да ја забавува, насмее и допре публиката на 87-мото доделување на златните статуи во Холивуд.

Во престижната категорија за најдобар филм, Оскар доби филмот „Birdman”. Сатирата на Инјариту за остарената филмска суперѕвезда која се обидува да ја оживее кариерата беше наградена и за оригинално сценарио и фотографија.

Што се однесува до главните актери, Британецот Еди Редмејн убедливо ја однесе победата за отелотворувањето на славниот физичар Стивен Хокинг во биографскиот филм „The Theory of Everything”. Џулијан Мур беше најдобра во категоријата за најдобра актерка во филмот „Still Alice” за жена болна од Алцхајмерова болест.

Најмногу внимание привлече Патриша Аркет која освои Оскар за најдобра споредна актерка за улогата на храбра мајка која се бори да ги одгледа своите две деца во „Boyhood” на Ричард Линклатер. 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега