Груевски: Ниту сум прифатил, ниту ќе прифатам техничка Влада

Премиерот Никола Груевски на вчерашната прес конференција посочи дека доколу целта била да се спречи објавувањето на снимените материјали, тогаш би било логично да ги прифати уцените на Заев и барањата за техничка Влада, потенцирајќи дека тој тоа не го приифатил.

Toj посочи дека шпекулациите кои излегоа дека е прифатено барањето на СДСМ за техничка влада се неточни.

- Се шпекулираше дека на средбите сме прифатиле техничка влада, апсолутно не е точно. Ако  прифатев таква работа, тогаш зошто СДСМ не се врати во Собранието, бидејќи тоа беше и нивниот главен услов. Се работи за класична манипулација, посочи премиерот Груевски на вчерашната прес-конференција.

На новинарско прашање дали е можно во иднина да биде прифатено барањето за техничка влада, премиерот Груевски одговори дека тоа нема да се случи никогаш.

 

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега