ФОТО: 11 години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

По повод одбележувањето 11 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски и неговите соработници кои загинаа во авионска несреќа каја Мостар, денеска во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел цвеќе положија членови на семејствата, министрите за надворешни работи Никола Попоски, за одбрана Зоран Јолевски и министерот без ресор Неждет Мустафа, како и делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот Коце Трајановски. 

Замениците министри за здравство Јовица Андовски, за локална самоуправа Љупчо Пренџов и за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, пак, положија цвеќе на гробот на Анита Кришан Лозановска, советник во кабинетот на Трајковски, на гробиштата кај црквата „Свети Спас“ во општина Велес.

Денеска се обележува 11-годишнината од трагичната смрт на на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар, Република Босна и Херцеговина.

Во авионска несреќа покрај претседателот Трајковски, загинаa и осум лица кои беа во авионот: портпаролот на претседателот Трајковски, Димка Илкова Бошковиќ, советниците на претседателот Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот Марко Марковски и Бранко Ивановски. 

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега