Град со големина на јајце го погоди Берово

 Силно невреме проследено со електрични празнења вчера попладне го зафати Берово, каде на два наврати паѓаше град со големина од лешник до јајце. До 16 часот таму наврнаа 21 литри дожд на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Невреме попладнево имаше и во Прилеп, каде исто така паѓаше град со големина на лешник. За десетина минути, колку што траело невремето, наврнале 26 литри на метар квадратен дожд.   

Дожд и невреме со помали размери имаше и на други места во земјата. Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштија дека противградобијната служба била активна и оти до 19 часот биле исфрлени две градобијни ракети.

најчитано сега