Николовски за РСМ: „Бомбите“ на Заев го урнисаа туризмот

Поразителни бројќи во туристичкиот сектор. Ова е резултат на “бомбите“ на Заев и насилните протести.  -Според последните податоци, од 25% раст на бројот на странски туристи, од стартот на “бомбите” на СДСМ и протестите кои се случија минатата недела, како и конфликтот во Куманово тој падна на 12 отсто или од вкупниот број на туристи регистриран на 7%, само во последните неколку дена се намали на 5%, вели за Индекс на Радио Слободна Македонија Зоран Николовски од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Тој вели дека ова се почетни, но алармантни податоци,

-Имаме информации дека министерството за надворешни работи на Србија апелира до своите граѓани дека е ризично да се патува во Македонија. Од таму се откажани резервациите, но алармираат од нашето туристичко стопанство дека се повеќе се откажуваат индивидуалните резервации, но сега и организираните групи, вели Николовски.

Чартерите не се организирани, но се уште нема најава за нивно откажување.

Николовски апелира до надлежните да се мобилизираат, апелираат македонското МНР преку дописи до нашите амбасади во странските држави да информираат дека ситуацијата во државата се стабилизира, нормализира и дека безбедноста е на високо ниво.

 

 

 

Оцени ја веста

13.05.2015 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега