Олбрајт загрижена за инцидентот во Куманово

Поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт изјави дека инцидентот во Куманово е многу загрижувачки и треба да се добијат повеќе информации, да се види улогата на Косово и односот на Грција. Олбрајт, која беше активна во американската дипломатија во времето на балканските војни, беше прашана за можноста за решавање на спорот за името и за нејзиното гледање на инцидентот во Куманово.

- Прашањето за името сега како да е најмал проблем, сите и онака го користат името Македонија. Во текот на викендот имаше настани кои беа многу загрижувачки. Тие укажуваат на екстремистички активности, на етнички поделби. Треба да видиме на кој начин Косово е поврзано, да видиме што прави Грција. Мислам дека спорот за името не е најважно прашање во моментов, изјави Олбрајт, за време на конференција за политичката состојба во Босна во универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон.

Во својот одговор, Олбрајт се осврна и на минатото на спорот за името, опишувајќи ги бизарните процедури низ кои морало да се поминува во Обединетите нации само за да се организира посета на македонските политичари, на што грчките дипломати интензивно се спротиставувале. Олбрајт рече дека имало ситуации кога американските дипломати му сугерирале на Генералниот Секретар на ОН да се префарбаат јарболите за знамињата само да се избегне прашањето околу тоа кое знаме ќе се вее при посета на Глигоров.

- Се сеќавам на лудоста на спорот за името. Ако една добра работа произлезе од војната во Косово е тоа што веќе не моравме да го повторувам тоа 'поранешна југословенска република' секогаш кога ќе сведочев пред Конгресот. Тоа беше една од најлудите меѓународни дискусии на сите времиња", изјави Олбрајт, додавајќи дека во моментов, сите Македонија ја викаат под нејзиното име.

 

 

Оцени ја веста

14.05.2015 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега