Албански медиуми: „Општина Аеродром е претворена во Њујорк“

Албанските медиуми пишуваат за убавата општина Аеродром во Скопје.

Населбата ја споредуваат со најразвиените светски метрополи, а презентираат и изјави во оваа насока.

-Во македонските населби, конкретно скопски Аеродром е претворен во Њујорк, а пак во неколку албански општини по јавните чешми нема ни вода за пиење и граѓаните копаат и по 10 метри за да се обезбедат вода, истакна пратеникот на ДПА, Ернад Фејзулаху.

Во општина Аеродром изминативе години беа спроведени низа проекти. Населбите во оваа општина доживеаја целосна преобразба. Аеродорм стана најурбана општина, населена со најчесто млади лица и нови семејства.

 

 

 

Оцени ја веста

27.07.2015 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега