Тропски горештини, предупредувачка жолта фаза

Предупредувачка жолта фаза поради високите температури денеска важи за источниот дел од земјата, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. 

Инаку, во цела земја времето ќе биде сончево и топло, со тропски температури. Утринската температура ќе се движи од 14 до 23, а дневната од 34 до 39 степени.

Во Скопје слично време со температура од 18 до 38 степени.

Топлото време ќе прoдолжи до крајот на месецот, а првите денови од август ќе имаме благ пад на дневните температури со попладневни слаби врнежи од дожд.

Од утре се очекува температурата да се искаќи над 40-от степен.

 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега