Се судрија камион и моторцикл во Струмица - 19 годишно момче го загуби животот

Вчера се случила страотна сообраќајна несреќа на магистралниот пат Ново Село-Струмица.

Нешто по 12 часот се судриле камион “МАН“ со струмички регистерски ознаки, сопственост на “Агро-Трендо“ ДПТУ ДООЕЛ, управуван од 32-годишниот К.Т. и моторцикл “Јамаха“ без регистрација управуван од страна на 19-годишниот Ристо Н. од Струмица.

За жал, младото момче кое управувало со моторот починало на самото место на настанот.

 

најчитано сега