Штипјанец оперирал во својот град - расветлени серија тешки кражби

 

23 годишен штипјанец правел „парче“ низ градот под Исарот.

Пријавениот во временскиот период од 21.05. до 12.08.2016 година со намера за себе да прибави противправна имотна корист со употреба на сила и подесен алат насилно отворал врати од куќи, подрумски простории, гаражи и од автомобили низ Штип и одзел  ЛЦД телевизор, мобилни телефони, 20 литарска боца, еден пар патики, разни алати, акумулатор, електрични апарати, детска количка, моторна пила и електрична брусилица, со што се стекнал со противправна имотна корист од 83.000 денари.

 

Полицијата поднесе кривична пријава против Ѓ.М.(23) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторил осум кривични дела „тешка кражба“.

 
 
29.08.2016 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега