Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со честитка за бошњачката заедница
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на сите припадници на бошњачката заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците – 28 септември.
-Бошњачката заедница, традиција и култура во нашата држава се длабоко вкоренети во нашето општество кои безрезерво и искрено даваат огромна поддршка и придонес во процесот на градење, зацврстување и негување на меѓусебните односи и културната разноликост која е карактеристина за Република Македонија. Почитувањето на меѓусебните културни посебности и особености е вистинскиот пат по кој треба да се движиме и единствениот начин кој ни дава поттик и енергија да продолжиме да градиме силни врски на меѓусебно разбирање и толеранција. Само така, сплотени и заедно ќе создадеме вредности за уште посилен и побрз развој и просперитет на Република Македонија.Во таа насока, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на сите припадници на бошњачката заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците и им посакува овој ден да го поминат во мир, радост и спокој во кругот на своите семејства, стои во честитката од пратениците на владејачката коалиција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа