Еве каде вее снег во моментов - важни вести за оние кои патуваат низ Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози,  со остатоци од снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Снег со слаб интензитет провејува во Делчево,К.Паланка и Маврово.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар.

Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д.Капија – Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

 

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот. 

 
 
11.01.2017 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега