ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ преку проѕирни лаги ја дефокусираат јавноста од вистинските теми како што е прифатената Тиранска Платформа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е во работен престој на Малта и заедно со партиска делегација ќе учествува на конгрес на Европската Народна Партија каде присутни ќе бидат функционерите од политичкиот естаблишмент на Европската Унија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и медиумите под контрола на Бихаќка со емитувањето на лажни вести, покажуваат невидена нервоза. Уценетиот аболициран криминалец Зоран Заев и криминогеното раководство на партијата се целосно разобличени пред граѓаните. Единствено што им преостанува преку проѕирни лаги и манипулации да дефокусираат од вистинските теми како што е прифатената Тиранска Платформа со која сакаат да ја редефинираат државата, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, се додава во реакцијата, кога говори за тоа кој каде е, добро е да одговори зошто денес Заев по којзнае кој пат одбегна и одби да се појави пред обвинителството успорувајќи ја правдата и вистинските одговори за сомнежите за криминално и незаконско финансирање на партијата.

 

 

 

27.03.2017 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа