Тешка сообраќајка во Македонија - едно лице загина

 

Шеесет и три годишниот С.П. го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера утрината се случила на магистралниот пат Делчево-Македонска Каменица.

Во несреќата, како што информираат од полицијата, учествувале автомобил „Ауди А3“ управуван од 46-годипниот Љ.А. од Делчево и мотокултиватор кој влечел приколка управуван од С.П.

По несреќата, од здобиените повреди С.П. починал на лице место.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата и се работи на целосно расчистување на истата.

 

 

 

27.07.2017 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега