Дожд, грмежи и голем пад на температурите - лопи вести за неделава

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со локален дожд, наместа пороен, проследен со засилен ветер и грмежи.

Како што соопшти УХМР, утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а дневната од 21 до 29 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со врнежи од дожд, засилен ветер и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Во среда се уште ќе има локален дожд во југоисточните делови, особено претпладне, а во текот на денот постепено ќе престанува. Дневната температура на воздухот ќе биде во опаѓање за околу седум до 10 степени.

Од четврток повторно следува стабилно време со постепен пораст на дневната температура на воздухот. 

 

 

 

28.08.2017 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега