Таткото на Мартин Јанушев на социјалните мрежи: Ми отиде детето

 

,
,Немам зборови. Ми отиде детето од неранимајковци…“- sсо овие зборови се прости со својот син Мартин Јанушев, неговиот татко Бранислав, на неговиот ФБ профил. Тој  постави и фотографија од вечниот дом на Мартин.

Погребот на свирепо убиеното момче беше извршен во неделата на градските гробишта ,,Бутел“ во Скопје.

Мартин Јанушев беше убиен на 03.11.2017 , пред влезот на зградата во која живееше, со неколку куршуми во главата и во вратот.

Докторите не успеаја да го реанимираат и по четириесетина минути откако беше донесен, прогласија смрт.

МВР врши интензивна истрага и потрага по убиецот и неговите соучесници.

Таткото на Мартин и самиот бил припадник на МВР и сега е во пензија.

 

 

 

 

 

07.11.2017 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега