Детали за сообраќајката кај Псача, едно лице повредено
Едно лице е полесно повредено во сообраќајна несреќа која утринава се случила на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка кај местото Просечник пред селото Псача.
Од МВР за Курир информираат дека во несреќата учествувале две возила со бугарски регистерски ознаки, „Опел Зафира“ управувана од Б.П.Т. од Софија и „Нисан“ управуван од македонскиот државјанин В.Ѓ. Во несреќата В.Ѓ. се здобил со телесни повреди.
Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.
08.11.2017 - 10:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа