Украдени 30 ампули од кавадаречката болница

Триесетина ампули биле украдени вчера од хируршкото одделение при кавадаречката општа болница, потврди денеска Верољуб Додевски, портпарол во СВР Велес.

Појасни дека ампулите биле со разни лекарства, чувани во фрижидер.

-Со брза интервенција на полициските службеници фатено е лицето М.Ј.(24), кај кого се пронајдени украдените предмети од Хируршкото одделение и истите се вратени на оштетените, соопшти Додевски.

 

 

 

22.03.2018 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега