Гореа подруми во зграда во Скопје

На улица „Лука Геров“ во Скопје,  десет минути пред полноќ, од засега непознати причини, настанал пожар во кој биле опожарени повеќе подрумски простории. 

Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.  

 

 

 

25.03.2018 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега