Прегазен пешак во тетовско - полицијата трага по возачот

На кружниот тек на улиците „Илинденска“ и „172“ во Тетово вчера околу 17 часот и 40 минути, засега непознато возило удрило во 76-годишниот О.О. од село Пирок, тетовско, по што го напуштило местото. Притоа, О.О. се здобил со повреди и со друго возило бил пренесен и задржан на лекување во тетовската клиничка болница.

Полцијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

26.03.2018 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега