Бучковски: Треба да има предвремени парламентарни со претседателските избори

Екс премиерот Владо Бучковски, во дебата на „360 Степени“ на Алсат, зборуваше за развојот на политичката сцена во наредните месеци по започнувањето на уставните измени.

– Претседателските избори пак ќе ги трча Заев и раководството на СДСМ за некој од нив или некој што не го гледаме, ризикот е ако евентуално нема успех, да има предвремени избори. Кога веќе се толку близу, рационално, според мене, е да има предвремени парламентарни избори затоа што ги бараше Христијан Мицкоски. Митингот кој го правеа во мај-јуни беше, заедно со претседателските да имаме и вонредни парламентарни, да има пржинска влада… ќе има време, ќе се потрефи тоа, лесно може да се усклади, вели Бучковски.

Додава дека кога би бил на местото на Заев, според него треба да има едни избори заедно, и претседателски и парламентарни.

- Да го видиме Заев економистот. Овие две години поминаа од мандатот, беше преокупиран со решавањето на прашањето за името, со подобрување на меѓународните позиции на Македонија. Очигледно во делот на економијата, во делот на другите реформи има сериозен застој, тоа може да има одраз на среден рок, не на долг рок, на рејтингот кој го има СДСМ – рече Бучковски.

 

 

 

27.10.2018 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега