Министерство за здравство ќе го истражува случајот со починатата пациентка на КАРИЛ

 

По вчерашната објава дека на Клинички починала 50 годишна жена од слепо црево, бидејќи немало слободен болнички кревет, Министерството за здравство објави дека таков случај опишан во порталот немало регистрирано на ниту една клиника, велат тие во своето соопштение и нагласуваат дека денес се информирани за случајот каде 61- годишна жена починала како последица на пукнато дебело црево.

„Министерството за здравство денеска беше информирано за случај на шеесет и едногодишна пациентка, која починала на КАРИЛ, откако била оперирана од пукнат израсток на дебело црево на Клиниката за абдомен.

Согласно добиените информации, Државниот санитарен инспекторат направи вонреден инспекциски надзор и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Државниот санитарен инспекторат  го истражува патот на лекување на пациентката, почнувајќи од матичен лекар,  па се до КАРИЛ, каде што починала.

Уште еднаш напоменуваме дека Министерството за здравство ги презема сите  неопходните мерки за расчистување на случајот. Жалиме поради овој немил случај и изразуваме сочувство до семејството.“ стои во соопштението од Министерството за здравство.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.01.2019 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега